Skip to content

СТАТУТ на Алијанса на Македонските Бугари – движење за национално единство и спас АМБ – ДНЕС Куманово

СТАТУТ на Алијанса на Македонските Бугари - движење за национално единство и спас АМБ – ДНЕС Куманово

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Опис

Член 1

Алијанса на Македонските Бугари – движење за национално единство и спас  АМБ – ДНЕС Куманово, е здружение на граѓани кое се основа заради:

Воспоставување и впишување на Македонските Бугари во Уставот на РСМ како конститутивен народ, Спроведување на попис во РСМ, Заштита на човекови права, Учество на Македонските Бугари како дел од новата Европска администрација во РСМ, Унапредување на родова еднаквост.

Назив и седиште

Член 2

Називот на здружението е Алијанса на Македонските Бугари – движење за национално единство и спас  АМБ – ДНЕС Куманово.

Скратен назив на здружението е АМБ – ДНЕС Куманово.               

Седиштето на здружението е на ул. Народна Револуција бр. 30/1-1 Куманово

Начин на работа, амблем и печат

Член 3

Здружението своите цели и задачи ќе ги исполнува согласно Уставот на Република Северна Македонија, законите и останатите општи прописи, Статутот, како и внатрешните акти на здружението.

Политичкото здружување во рамките на здружението е забрането.

Членовите на здружението не смеат да го користат своето членство со цел реализација на интереси надвор од целите и задачите на здружението предвидени со Статутот.

Член 4

Здружението има свој амблем.

Членовите имаат право да го носат и користат амблемот, а тоа право престанува со престанокот на нивното членство.

Здружението има свој печат кој е тркалезен и го содржи името на здружението, а во средината на печатот се наоѓа и амблемот на здружението.

ЦЕЛИ, ЗАДАЧИ, ВРЕДНОСТИ И ДЕЈНОСТИ             

Цели и задачи

Член 5

Основна цел на Алијансата е: Воспоставување и впишување на Мекедонските Бугари во Уставот на РСМ како конститутивен народ.

Останати цели на Алијансата се :

  1. Спроведување на попис во РСМ
  2. Соработка со други организации во РСМ и странство
  3. Заштита на човекови права
  4. Учество на Македонските Бугари како дел од новата Европска администрација во РСМ
  5. Унапредување на родова еднаквост

Вредности

Член 6

Вредности на здружението се: јавност, транспарентност, одговорност, интегритет, демократија, прагматичност, правичност, солидарност, како и сите останати вредности прифатени во модерните демократски општества со фокус на владеењето на правото, развивањето и почитувањето на човековите права.

Дејности со кои се остваруваат целите

Член 7

Здружението ги остварува неготвите цели и активности преку: застапување, спроведување на јавни настани, истражување, анализа, практична работа и друго.

Член 8

Здружението дејствува на територијата на Република Македонија.

Здружението дејствува и на меѓународно ниво во согласност со својата генерална поли­ти­ка и стратегија.

MИСЛЕЊА И СТАВОВИ

Одговорност за мислења и ставови

Член 9

Мислењата и ставовите изразени во статии, колумни, блогови и останати изданија во електрноска или печатна форма, како и на научни, стручни и други слични настани се мислења и ставови на членовите, експертите и соработниците на здружението, но не и на самото здружение.               

Мислењата и ставовите на здружението се одобруваат од Претседателот и се претставуват на јавноста од лице овластено за тоа.

ЧЛЕНСТВО

Услови за членство

Член 10

Член на здружението може да биде секој граѓанин кој доброволно ќе пристапи и кој ќе ги прифати целите, задачите, методите и вредностите наведени во овој Статут и кој ќе биде примен.

Зачленувањето се врши со пристапница.         

Здружението води регистар на членови.

Ажурирањето на регистарот го води лице именувано од страна на Претседателот                 

Права и одговорности на членовите

Член 11

Членовите на здружението имаат права и одговорности согласно со одредбите на овој Статут и позитивните законски одредби, а посебно да :

  • активно да учествуваат во работата и остварувањето на целите на здружението;
  • да бидат избирани во органите и да избираат;
  • да плаќаат членарина;
  • да го почитуваат статутот и другите одлуки на органите на здружението;
  • да бидат информирани за активностите на здружението. 

Члeнарина

Член 12

Чланарината ја утврдува собранието на неговата годишна седница за секоја календарска година.

Член 13

Членството во здружението може да престане со:

  • истапување на членот кое се поднесува писмено;
  • исклучување, во случај на дејствување спротивно на Статутот;
  • други случаи превидени со закон (смрт итн..).

Одлука за престанок на членство донесува Собранието, по предлог на Претседателот.

ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА 

Член 14

Органи на здружението се Собранието и Претседателот на здружението.

Собрание

Член 15

Собранието е највисок орган на здружението.

Собранието на здружението (во понатамошниот текст: Собрание) го сочинуваат сите членови на здружението кои ја имаат подмирено својата чланарина.

Член 16

           Собранието на­­­­ здружението:

  • го донесува, изменува и дополнува Статутот;
  • ја донесува генералната политика и стратегија;
  • избира и разрешува претседател на здружението;
  • одлучува за престан на членство;
  • одобрува годишен извештај за работата и финансиски извештај;
  • одлучува за преобразба или спојување со друга фондација и зачленување на здружението во домашни и меѓународни сојузи и организации;
  • одлучува за престанок на здружението;
  • врши и други работи согласно со Статутот и со општите акти на здружението;
  • ја утврдува чланарината;
  • врши надзор над работата на претседателот;

Член 17

Собранието работи на седници.

Собранието заседава најмалку еднаш во календарската година и по потреба.

На годишното Собрание се одлучува најмалку за годишниот извештај за работа и финансиски извештај.

Член 18

Седниците на Собранието ги свикува Претседателот, по сопствена ини­цијатива или по барање на, на една третина од членовите на Собранието.

Ако Претседателот  најдоцна триесет дена од денот на даде­ниот предлог не ја свика седница, седницата може да ја  свика секој член на здружението.

Поканата за седница се упатува најмалку осум дена од денот на одржување.

Начинот на свикување седница на собранието на здружението се определува така што Собранието може да се свикува со покана која ќе биде доставена до секој од членовите на Собранието или на начин што поканата ќе биде ставена на огласната табла на здружението најмалку 8 дена пред одржувањето на седницата на Собранието.

Собранието донесува деловник, со мнозинство гласови од вкупниот број членови.

Член 19

Собранието има кворум ако се присутни мнозинството од вкупниот број членови.

Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните членови, ако со овој статут не е предвидено посебно мнозинство.

Член 20

Со седницата на Собранието претседава претседавач (претседавач со Собрание), кој се избира на самата седница, по предлог Претседателот или на најмалку три члена на Собранието.

Собранието одлуките ги донесува со јавно гласање освен ако со овој статут поинаку не е определено.

За собранието се води записник, кој го потврдува претседавачот со Собрание и Претседателот.

Претседател

Член 21

Претседателот го избира собранието на здружението со мнозинство гласови.

Како кандидат за претседател може да се пријави секој член на здружението.

Мандатот на Претседателот  е четири (4) години, со право на повторен избор.

Член 22

Претседателот  на здружението:

  • го застапува здружението
  • донесува перспективни и годишни програми и планови за работа;
  • донесува финансиски план;
  • усвојува годишна (завршна) сметка;
  • носи мерки за обезбедување ефективно и рационално извршување на про­гра­мата;
  • одлучува за средствата на здружението во рамките на финансискиот план;
  • одлучува за зделки коишто се однесуваат на имот со било која вредност на имот на здружението;
  • одлучува за воспоставување награди и признанија;
  • донесува општи акти за уредување на системите и односите на здружението;
  • донесува општи акти со кои се уредува внатрешната организација;
  • подготвува, утврдува и спроведува одлуки на Собранието;
  • врши други работи во согласност со овој статут и со општите акти на здружението.

Член 23

Претседателот одговараа за својата работа пред Собранието.

Претседателот е одговорен за остварување на целите и задачите на здружението.

Член 24

Претседателот може да поднесе оставка

ФИНАНСИИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Извори на финансирање

Член 25

Извори на финансирање на здружението се: членарина, донации, прилози, подароци и завештанија, заеми, приходи од образовна и издавачка дејност и други дејности, и приходи од ин­вестиции.

Намена на средствата

Член 26

Средствата на здружението се употребуваат за специфични цели, задачи и активности, во согласност со овој Статут и со општите акти и согласно со условите и огра­ни­чувањата на донаторите.

Финансиски план

Член 27

Финансиската година се совпаѓа со календарската година.

Висината и начинот на распределба на средствата се утврдуваат секоја година со финансискиот план, а врз основа на годишниот план за работа.

Финасискиот план го донесува Претседателот,

Финансискиот план за секоја година се донесува на крајот од тековната кален­дарска година, за наредната година.

Ако финансискиот план не се донесе во рокот предвиден со став 4 од овој член, финансирањето  ќе се врши во висина на средствата од претходната година, зголемени со порастот на цените на мало во тековната година.

 

Добро управување

Член 28

Претседателот ќе управува со финансиските средства на здружението, согласно со позитивните законски прописи, заради остварување урамнотежен биланс на приходите и расходите.

Финансиските акти на здружението се потпишуваат од Претседателот.

ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА И ИНФОРМИРАЊЕ

Член 29

Работата на здружението е јавна.

Органите на здружението се обврзуваат да обезбедат систем на информирање на јав­носта.

Сите акти ќе се објавуваат на веб страната на здружението и на други пригодни начини согласно закон.

АКТИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Акти

Член 30

Здружението донесува статут, правилници, деловници, одлуки, решенија и други акти.

Со правилниците и одлуките се регулираат прашањата за кои, со законот или со овој статут е предвидено да се регулираат со општи акти.

Измени и дополнувања на Статут

Член 31

Собранието го донесува, го изменува и го дополнува Статутот.

Предлог за измени и дополнувања на Статутот може да поднесе секој чле­н на Собранието и Претседателот.

Собранието едногласно го донесува Статутот.

Потпишување на општи акти

Член 32

Општите акти на здружението ги потпишува Претседателот.

Статусни Измени

Член 33

Здружението престанува со својата работа, ако за тоа едногласно одлучи Собранието.

Здружението престанува со работа  и во согласност со позитивните законски прописи.

Присоединување, спојување, поделба и други статусни измени на здружението се вршат во согласност со закон.

СТАТУС НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

Член 34

Здружението има статус на правно лице, со права, обврски и одговорности утврдени со за­кон и со овој Статут.

ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 35

Овој Статут влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето.

Куманово, 03.07.2020 год.

Алијанса на Македонските Бугари – движење за национално единство и спас 

АМБ – ДНЕС Куманово

 

Претседател  

Драган Цветковски